Прв ја надмина стотката: Анѓелковиќ ги решета прволигашките мрежи

Филип Анѓелковиќ продолжува да ги решета мрежите на противниците и да создава разлика во однос на конкуренцијата на Листата на стрелците. Тој е првиот играч кој ја надмина границата од 100 гола и тоа после само осум натпревари така што ги руши границите во Првата лига.

Најблизу до него е ракометарот на Делчево Вардар, Гоце Ѓорѓиевски, но има дури 31 гол помалку така што засега тој е во предност во однос на другите за 2. позиција.