Прв тренинг на Канелјас во вардаровиот дрес (ФОТО)

Македонскиот шампион ги започна подготовките за наредната сезона. Вардарци првиот тренинг го започнаа во скратено издание поради Олимписките игри и дополнителните денови одмор за дел од ракометарите. Од потврдените засилувања единствено Јоан Канелјас присуствуваше на првата прозивка и утринскиот тренинг во комплексот на спортскиот центар „Јане Сандански“.

vardartrening-16 Канелјас е најзвучното име кое ќе го засили Вардар за следната сезона, тој пристигна од бундеслигашот Кил, а во својата богата кариера настапувал во Гранолерс, Барселона, Суидад Реал/Атлетико Мадрид, Хамбург и Кил. Во 2012 година со репрезентацијата на Шпанија го освои златниот медал на Светското првенство, а наредната година на Европското првенство во Данска беше најдобар стрелец со вкупно 50 постигнати голови. Минатата сезона во дресот на Кил постигна 71 погодок во Лигата на шампионите.