Прв странец во историјата на тимот од Бања Лука: Бразилецот Линарес потпиша за Борац

Првпат во својата богата историја, босанскиот тим Борац ќе има Бразилец во своите редови. Гиљермо Линарес де Соуза воедно е и првиот странец што доаѓа во тимот од Бања Лука, доколку не се сметаат играчите од поранешните југословенски републики.Де Соуза во Борац доаѓа од шпанскиот второлигаш Сисне, има 21 година, а настапува на десната бековска позиција и е младински репрезентативец на Бразил. Кариерата ја почна во СГ Хандебол од Сао Паоло, а настапуваше и за бразилскиот шампион Таубате.

Покрај Линарес, во Борац доаѓа и бекот на Војводина, Немања Вучичевиќ. Тимот од Бања Лука во претстојната сезона ќе игра во Премиер лигата и Купот на Босна и Херцеговина, како и во ЕХФ Купот.