Прв семинар за тренери во организација на здружението на тренери на Македонија

Изминатите два дена, на 7-ми и 8-ми април, во спортскиот центар „Јане Сандански“ се одржа првиот семинар за тренери во млади категории, во организација на здружението на ракометни тренери на Македонија. Здружението кое е формирано во рамките на Ракометната Федерација на Македонија има за цел да го подобри тренерскиот кадар во македонските клубови, а овојпат поддршка добија од европската куќа на ракометот, преку португалскиот стратег Карлос Гарсија, предавач во рамките на ЕХФ.

FLP_9595-2

Семинарот го отвори претседателот на здружението, проф. д-р. Гино Стрезовски, по што следуваше теоретскиот дел со гостинот од ЕХФ, Карлос Гарсија и практичниот дел со Данило Брестовац, еден од двајцата македонски тренери со „master coach“ сертификат од ЕХФ (заедно со Стефче Алушовски). Крај на првиот ден означи предавањето на проф. д-р Горан Никовски.

FLP_9609-2

Вториот ден на семинарот го одбележаа предавањата на претседателот на здружението проф. д-р. Гино Стрезовски и асс. д-р. Влатко Неделковски.

FLP_9624-2

Семинарот кој се одржува по прв пат, е поддржан од РФМ и ЕХФ, а домен на интерес беа младите категории и нивно правилно развивање во идни професионални ракометари.

FLP_9629-2

ФОТО: ФИЛИП ВИРАНОВСКИ