Прв пораз за ѕвездите од Париз: Монпелје на чекор до ПСЖ

Монпелје му го нанесе првиот пораз на лидерот во француската Д1 лига, екипата на ПСЖ. Со супер-дерби натпреварот се затвори осмото коло во Франција. По шеесет одиграни минути домаќините со минимални 32-31 (15-14) ги одржаа шансите за освојување на шампионската титула.
Првите седум минути им припаднаа на гостите, парижаните имаа предност од два гола, но домаќините веднаш возвратија, а неизвесноста заврши во 12-та минута кога започна серијата од 4 голови на Монпелје. Ѕвездениот тим на Нока Сердарушиќ во кој отсуствуваше Лука Карабатиќ, во текот на целиот натпревар не дозволи домаќините да создадат сериозна предност. Иако на неколку пати се доближуваа на минимална разлика од еден гол, ПСЖ дури во 58-та минута го изедначи резлутатот на 31-31. По драматичните две минути, Борут Мацковшек од пенал стави точка на овој дуел за конечни 32-31.
Баптист Бонефонд беше изненадувањето на Монпелје за овој дуел, тој постигна 7 голови, а го следеше Диего Симонет со пет погодоци. Кај шампионот на Франција, Микел Хансен и Даниел Нарцис постигнаа по шест погодоци.
По осум одиграни кола во најсилната француска ракометна лига, ПСЖ е во предност од два бода пред Монпелје и Сант Рафаел кои имаат по 12 бодови.ФОТО:PG Photography