Прв пораз за македонската младинска репрезентација на ЕП

Македонската младинска селекција го одигра својот втор натпревар на Европското првенство. Во група Б, Македонија го забележа првиот пораз од Германија и моментално е на третото место на табелата. Со победа задутре против големиот фаворит Русија поголема од два разлика младите македонски ракометарки имаат историска шанса да се пласираат во главната фаза на првенството.

ГЕРМАНИЈА -МАКЕДОНИЈА 31-21(12-11)

По почетното испитување на силите, првите 10 минути поминаа во рамноправна игра која резултираше со изедначен резултат 3-3. Македонската одбрана во средината на првиот дел не беше на потребното ниво, а лесните пробиви на линијата од 6 метри, Германките ги зачинуваа и со дополнителни исклучувања за избраничките на Симовски. По 12 минути игра младите ракометарки на Германија имаа предност од два погодока 5-3, разлика која ја одржуваа десет минути. Во последниот период од натпреварот на голот на Македонија застана Нина Ладева, а грешките на Германките во напад ги искористија македонските јуниорки и со погодокот на Керамичиева го изедначија резултатот на 8-8 во 22-та минута. Неизвесна и изедначена игра ги одбележа последните осум минути од првиот дел. Германија во последната минута од полувремето имаше два гола предност, а Тодоровска стави печат на полувремето за конечни 12-11.
persisted.e9774b41-f7f6-2834-ae5b-b262244cbbf4._ABS2122
Почетокот на вториот дел помина во знакот на Германија, Сара Ристовска заработи исклучување на почетокот на вториот дел, а тоа се одрази на играта на Македонија. По шест минути во второто полувреме Германија имаше предност од четири погодоци 17-13. Германките ги користеа сите грешки во нападот на Македонија, особено кога „црвено-жолтите“ имаа играч помалку. Првите пет погодоци разлика ги создадоа во 40-та минута, но Митова, Ристовска и прецизните удари од седум метри на Тодоровска ја вратија репрезентацијата на Македонија на три голови негатива. Нина Ладева ги одржуваше шансите за изненадување на македонските јуниорки во средината на вториот дел, но тоа не беше доволно за комплетен пресврт. Македонија во последните 10 минути влезе со минус седум голови, предност која и ја обезбеди првата победа на Германија на овој шампионат. По шеесет одиграни минути конечниот резултат гласеше 31-21.
Најпрецизна во редовите на Македонија беше Тодоровска со 8 голови која беше прогласена за најкорисна ракометарка во македонската репрезентација. Задутре на програмата е последниот натпревар за македонските ракометарки во групната фаза, а за противник го имаат големиот фаворит, Русија. Репрезентацијата на Русија е актуелен јуниорски шампион, а на кадетското првенство пред две години загуби во финалето од репрезентацијата на Шведска. Дуелот е закажан од 21:00 часот, а за да се пласира во групната фаза на Македонија ќе и биде потребна минимална победа од три разлика за да заврши на второто место.

ГРУПА Б
Репрезентација О Поб Нер Пор ГолПос ГолПри Бодови ГолРаз
1 Русија 2 2 0 0 67 35 4 32
2 Германија 2 1 0 1 49 47 2 2
3 Македонија 2 1 0 1 52 58 2 -6
4 Литванија 2 0 0 2 44 72 0 -28