Прво признание за македонското крило во Бундеслигата: Манасков избран во тимот на колото (ВИДЕО)

Дејан Манасков по фантастичниот втор натпревар за екипата на Вецлар во кој постигна девет погодоци, се најде во најдобрите седум на 22-то коло во германската Бундеслига. Во идеалната седморка свое место најдоа и Матиас Пуле-голман (Гумерсбах), Фин Лемке-лев бек (Лемго), Домагој Дувњак-централен бек (Кил),Михаел Милер-десен бек (Мелсунген), Ханс Линдберг-десно крило (Хамбург), Јакоб Багерстед-пикер (Магденбург).