Прво Плинарско Друштво Загреб и официјално распиша конкурс за нов тренер

По лошите игри на почетокот на сезоната, хрватрскиот шампион ППД Загреб денес во официјалното соопштение ја обелодени смената на кормилото. Денес на заседанието на одборот за итност при ППД Загреб, Борис Дворшек е разрешен од функцијата тренер на екипата.
Оваа ненајавена смена е веќе традиција за управата на Загреб кои со „шок-терапија“ пред почетокот на Лигата на шампиони се обидуваат да влијаат на мотивацијата на ракометарите. „Жртви“ на оваа политика на клубот беа Ненад Кљаиќ, Ивица Обрван и Славко Голужа.На гостувањето во Белорусија против Мешков Брест во рамките на 3-то коло од СЕХА лигата, екипата на ППД Загреб ќе ја предводи двоецот Златан Сарачевиќ и Марио Келентриќ.

Управниот одбор на Загреб интензивно работи на пронаоѓање на нов тренер, кој би требало да биде познат на почетокот на оваа недела. Шпекулации и кандидати околу новиот предводник на ракометарите на Загреб има многу, а според угледниот „Јутарњи лист“ најголеми шанси има легендарниот тренер Веселин Вујовиќ, кој долги години ја предводеше клупата на Вардар, а со овој ангажман повторно ќе се врати во Европа по една година помината во Катар.