Прво, па машко: Старт со трофеј за Костески во Селкаспор

Десното крило Никола Костески по седум сезони летово си замина од Автокоманда и кариерата ја продолжи во турскиот шампионат, во дресот на Селкаспор. Ако денот по утрото се познава, тогаш македонскиот интернационалец ќе има успешна сезона во новиот клуб, каде настапува и голманот Виктор Гигов.

Селка го освои турнирот во Измир, каде настапуваа екипите на Гозтепе, Мили Пјанго, Адијаман и Бејкоз. Најпрво беше совладан Бејкоз со 28:19, а потоа беа забележани победи над Мили Пјанго 33:29 и Адијаман со 24:18, додека најинтересно беше на мечот против Гозтепе, кој заврши нерешено 31:31. Костески имаше голема минутажа на три натпревари и постигна вкупно 15 голови.