Прво засилување за вицепрвакот: Куманово се поднови со интернационалка од Грузија

Македонскиот вицепрвак Куманово, кој во новата сезона ќе има нов тренер – Симе Симовски, започна со составувањето на екипата.

Откако го продолжи договорот со Александра Боризовска, Куманово го донесе и првото засилување.

Станува збор за грузиската интернационалка Медеа Чокели, кружен напаѓач, а лани настапуваше за битолски Пелистер.

Потекнува од составот на Мамули Тбилиси, а претстојната сезона ќе биде втора за неа во Македонија.

Куманово ќе биде дел од ЕХФ Купот и ќе се сретне со чешкиот претставник Славија Прага во првото коло.