Првото дерби за „сино-белите“: Металург најави интересна сезона во женската Суперлига

Со дуелот меѓу Металург и Вардар СЦЈС започна женскиот дел од македонското првенство. Веќе неколку години составот на Вардар е неприкосновен кога во прашање е националното првенство затоа пак првиот дерби дуел меѓу Металург и Вардар СЦЈС значи и борба за втората позиција во македонскиот шампионат. Публиката во Автокоманда имаше можност да присуствува на возбудлив и интересен натпревар кој заврши со големо славје на домашните ракометарки.

Новиот „реновиран“ и подмладен Металург прикажа одлична игра и го изненади составот на македонскиот селектор Симе Симовски.

metvar-2

Вардарки започнаа со два погодока во низа, но до 10-та минута Металург комплетно се врати во игра и со двата погодока на Саздовска го превзема водството (4-3, 12′ Саздовска). Следуваше период на грешки кој директно влијаеше на рзултатскиот баланс. Ракометарките на Вардар повторно се вратија на гол предност, но до 19-та минута домаќините дојдоа до позитивен резултат од 7-5. Со иста мера возвратија и македонските вицешампионки, Маја Трпковска ја започна серијата од четири погодоци во низа која заврши со резултат 7-9 во 25-та минута во корист на Вардар СЦЈС. Но и Металург имаше свои мотиви на овој дуел, а тоа најдобро го покажаа со серија од три погодоци во финишот на првиот дел и враќање на минималната предност од 10-9. Керамичиева со звукот на сирената ги постави конечните 10-10 по крајот на првото полувреме.

Во вториот дел продолжи неизвесната и изедначена игра. Металург го постигна првиот гол после паузата, но вардарки беа тимот кој во 35та минута ја достигна највисоката предност од првиот дел (11-13 Трпковска). Во наредните две минути девојките на Јулијана Дамчевска повторно го изедначија резултатот, а неизвесната игра ги одведе двете екипи во егал завршница.

Металург до 58-та минута го конторлираше резултатот, но грешките во нападот им овозможија на Вардарки во последната минута да влезат со гол предност. Сепак на голот на Металург во последните минути од натпреварот сигурна беше Амра Илјаз која со две интервенции успеа да ја сочува мрежата на домаќините за ерупција на воодушевување во спортската сала во Автокоманда.

Резултатот остана изедначен на по 21 погодок, а последниот напад го имаа ракометарките на Металург. Јована Саздовска искористи мала празнина во одбраната на Вардар и обезбеди пенал за својот тим кој успешно го реализираше Величковска за конечни 22-21 по шеесет одиграни минути.

СТРЕЛЦИ

Металург: Гугуљанова 2, Николиќ 7, Стојковска 4, Саздовска 4, Величковска 5 (одбрани: Серафимовска 6-50′, Илјаз 3-10′)

Вардар СЦЈС: Прленда 4, Георгиевска 1,  Стојановска 4, Трпковска 2, Тодороска 2, Нолевска 1, Керамичиева 7 (одбрани: Петковска 7-30′, Белмезова 4-30′)