Првиот ривал на Еурофарм Работник во ЛШ со засилување од Кил (ФОТО)

Екипата на Спортинг од Лисабон ќе дојде во Битола на дуелот против Еурофарм Работник на 15 септември засилена со десен бек од екипата на Кил. Поранешниот репрезентативец на Србија и ракометар кој играше седум години во редовите на Кил, Марко Вујин продолжува во Португалија и тој ќе биде големо засилување за тимот на Спортинг.

Овој клуб е првиот ривал на Еурофарм Работник во Лигата на шампионите, а средбата ќе биде одиграна во 1. коло така што со ова битолчани добиваат уште поголем предизвик.

Инаку, Вујин поради болест беше надвор од терените и долго не можеше да игра, но после надминувањето на проблемите одново е во игра и реши кариерата да ја продолжи во клуб кој е на сосема друго ниво од Кил, но е доволно конкурентен за секој во групите Ц и Д.