Прва победа за домаќините на Европското првенство: Унгарија пресилна за Полска

Во вториот натпревар од групата А, во Ѓер домаќинот Унгарија го зацврсти второто место на табелата со победата над Полска. Во последниот натпревар од групната фаза ќе се борат за првото место во групата со Шпанија, а доколку загубат ќе и овозможат на Русија со победа против Полска да напредува во следниот круг.
ГРУПА А (Унгарија,Ѓер)
ПОЛСКА – УНГАРИЈА 23-29 (7-14)
Почетниот дел од натпреварот и припадна на Полска. До 8-та минута Полска предводена од Кудлач имаше минимална предност од 3-2. Падот во играта на полските ракометарки беше добредојден за домаќините, кои со серија од 6-0, ја превземаа контролата врз натпреварот. Жалевска ја прекина серијата на Унгарија со својот прв гол за 5-8. Кога полските ракометарки помислија дека фатиле ритам, Томореи со два врзани погодока ја одведе Унгарија на шест голови предност 5-11. Ретки беа успешните обиди на Полска да постигне гол, се обидуваа од далечина, но унгарската голманка беше концентрирана на голот. Единствено нерешлива загатка за унгарската одбрана беа полските влезови преку кои ги постигнаа сите голови во продолжението. Од друга страна унгарскиот напад беше ефикасен, а бројните технички грешки на полските ракометарки се валоризираа преку контра-напади.Тришчук во 28-та минута ги постави највисоките седум голови предност 7-14, а тоа воедно беше последен гол во првото полувреме.
Второто полувреме повторно започна со два гола на Полска, преку Сиодмиак, но три минути беа потребни за Унгарија да ја врати контролата на играта. Следуваше серија од 5-0, која Боди-Богнар со првиот гол ја заокружи на десет голови предност, 10-20 во 38-та минута.13009_548761e783

Се обидоа полските репрезентатвки да се вратат во натпреварот, но серијата од 4-1 не беше доволна за некакво изненадување. Селекторот Немет го искористи остатокот од натпреварот за испробување на различни тактички игри, од друга страна Полска се обиде да го ублажи поразот. Во последниот обид за достоен пораз во вториот натпревар, Полска од 45-та минута повторно направи 4-1 серија и со голот на Ниеџвеџ во 53-та минута се доближија на пет голови разлика. Од друга страна, во последниот период од натпреварот Унгарија ги завршуваше акциите преку пикерот Мајер (постигна три погодоци во последните 10 минути), а Шучански стави точка на овој дуел за конечни 29-23.
Кудлач, која постигна седум гола повторно беше прогласена за играч на натпреварот од редовите на репрезентацијата на Полска, додека унгарската голманка Ева Киш(10 одбрани) го доби истото признание од својата репрезентација. Мајер и Томореи беа најпрецизни за репрезентацијата на Унгарија со шест погодоци.