Прва машка лига: Јуниор против Работнички за бараж за Супер лига

Средбата на која денеска ќе се соочат тимовите на Јуниор Кисела вода и Работнички денеска ќе одиграат натпревар во рамки на последното коло од плеј-офот во Првата машка лига каде што ќе се борат за 2. место. Јасна е ситуацијата бидејќи домаќинот Јуниор Кисела вода има само една опција за позицијата која води во бараж со тимот на Прилеп.

Доколку составот на Јуниор успее да победи денеска тогаш ќе биде второпласиран со оглед на тоа што на крајот ќе има два бода повеќе од Работнички. Во спротивно тимот на Работнички кој долго беше лидер и најавуваше кандидатура и за директен пласман во Супер лигата ќе може во бараж да се бори за најсилната лига.

Сите други дуели викендов се само за престиж така што сето внимание оди денеска на овој меч меѓу Јуниор и Работнички.

ПРВА МАШКА ЛИГА, ПЛЕЈ-ОФ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ ЗА ПОСЛЕДНО, 14. КОЛО

ВАРДАР НЕГОТИНО – МЕТАЛУРГ 2         24:32

САБОТА, 1 ЈУНИ

13:00ч

ЈУНИОР КИСЕЛА ВОДА – РАБОТНИЧКИ

Сала: ОУ „Круме Кепески“ во Скопје. Судии: Методија и Михајло Илиевски од Битола. Делегат: Русе Наумовски од Скопје.

НЕДЕЛА, 2 ЈУНИ

12:00ч

ПРЕСПА – МЛАДОСТ 09

Сала: „Заре Стојановски“ во Ресен. Судии: Никола Пауновски и Оливер Спироски од Струга. Делегат: Славчо Каланоски од Струга.

16:00ч

ГРК ТИКВЕШ – МАКЕДОНИЈА ЃП

Сала: „Јасмин“ во Кавадарци. Судии: Иван Илиевски и Александар Марковски од Битола. Делегат: Сашо Јанкулоски од Битола.

ТАБЕЛА: 1. Металург 31 бод (422:352); 2. Работнички 30 (435:354); 3. Јуниор Кисела вода 29 (366:336); 4. Младост 18 (351:354); 5. Вардар Неготино 15 (345:359); 6. Македонија Ѓорче Петров 13 (332:376); 7. Преспа 10 (322:382); 8. ГРК Тиквеш 7 (392:452).