Прва машка лига, плеј-оф: Битката за врвот ќе се одвива на „Кале“

Составите на Работнички и на Јуниор Кисела вода денеска се соочуваат во СРЦ „Кале“ во дербито на 7. коло од плеј-оф лигата во Првата машка лига.

Работнички е домаќин во интересен меч во кој се очекува да има тешка задача против составот од кој загубија во рамки на Купот на Македонија. Оттаму сега мотивот ќе биде далеку поголем и тоа значи дека ова ќе биде максимално интересна средба. Ќе има големо надигрување што значи дека ова може да биде и дуел на нивото на суперлигашките пресметки.

Овој меч ќе има влијание за лидерската позиција на табелата така што е јасно дека тоа ќе бидат максимално интересни 60 минути.

И претходно во Автокоманда ќе има што да се види бидејќи Металург 2 ќе го пречека Вардар Неготино, а и двта тима ги посакуваат бодовите за што е можно подобар пласман.

Ова е коло во кое и Младост 09 и Преспа ќе имаат што да покажат бидејќи веќе демонстрираа дека можат да победат против секого, додека Македонија Ѓорче Петров го пречекува ГРК Тиквеш кој после шест кола е без бодови.

ПРВА МАШКА ЛИГА, ПЛЕЈ-ОФ

ДВОЈКИ ЗА 7. КОЛО

САБОТА, 6 АПРИЛ

12:00ч

МЕТАЛУРГ 2 – ВАРДАР НЕГОТИНО

Сала: Автокоманда во Скопје. Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски од Скопје. Делегат: Цане Куртовиќ од Скопје.

15:00ч

РАБОТНИЧКИ – ЈУНИОР КИСЕЛА ВОДА

Сала: СРЦ „Кале“ во Скопје. Судии: Ѓоко Колевски и Сашо Кркачев од Скопје. Делегат: Лери Мирчески од Скопје.

19:00ч

МАКЕДОНИЈА ЃП – ГРК ТИКВЕШ

Сала: Гим. Кочо Рацин во Скопје. Судии: Виктор Андонов и Стојанче Јовановски од Скопје. Делегат: Љупчо Јаневски од Скопје.

НЕДЕЛА, 7 АПРИЛ

18:00ч

МЛАДОСТ 09 – ПРЕСПА

Сала: Стојаково во Стојаково. Судии: Александар Вукашиновски и Мирко Трајковски од Скопје. Делегат: Душко Камишевски од Скопје.

ТАБЕЛА: 1. Јуниор Кисела вода 15 бода (172:148); 2. Работнички 12 (184:163); 3. Металург 12 (189:170); 4. Вардар Неготино 9 (155:153); 5. Младост 9 (154:162); 6. Преспа 9 (151:164); 7. Македонија ЃП 6 (145:158); 8. ГРК Тиквеш 0 (161:193).