Прва машка лига, Група 2: Неготино и Скопје подготвени за дерби

За разлика од првата група во Група 2 од Првата машка лига има две дерби средби. На нив првите две екипи се соочуваат со тимовите кои се пласирани на 3. и 4. место на табелата така што денешниот ден ќе биде доста возбудлив.

Вардар Неготино ќе мора да го брани второто место против Астраион од Струмица кој е влезен во победнички ритам и веќе има три победи во серија. Оттаму неготинци се на голем испит и ќе имаат навистина сериозен ривал во струмичани.

Што се однесува до Металург јуниор, лидерот на табелата во Групата 2 денеска го пречекува градскиот ривал, Македонија Ѓорче Петров. Овој тим влезе во добар ритам во последните неколку кола и сосема извесно е дека ќе има што да покаже на теренот и на овој дуел кој се игра денеска во Кисела Вода.

ПРВА МАШКА ЛИГА, ГРУПА 2 – 6. КОЛО

САБОТА, 20.10.2018

17:00ч

ВАРДАР НЕГОТИНО – АСТРАИОН

Сала: Гим. Кирил и Методиј во Неготино. Судии: Михајло и Методија Илиевски од Битола. Делегат: Игор Огненов од Битола.

18:30ч

МЕТАЛУРГ ЈУНИОР – МАКЕДОНИЈА ЃП

Сала: ОУ „Круме Кепески“ во Скопје. Судии: Виктор Андонов и Стојанче Јовановски од Скопје. Делегат: Стево Костенчев од Скопје.

НЕДЕЛА, 21.10.2018

12:00ч

ТЕКСТИЛЕЦ – КУМАНОВО

Сала: ОУ „Тошо Арсов“ во Штип. Судии: Иво Ѓоргиевски и Игор Наумовски од Скопје. Делегат: Цане Куртовиќ од Скопје.

13:00ч

МЛАДОСТ 09 – РИНИА М

Сала: Стојаково во Стојаково. Судии: Роберт Пановски и Божидар Димитриевски од Велес. Делегат: Благој Петров од Велес.

ТАБЕЛА: 1. Металург јуниор 11 бода (143:119); 2. Вардар Неготино 10 (131:113); 3. Астраион 10 (132:121); 4. Македонија ЃП 9 (129:124)…