Прва машка лига, група 1: Три екипи на котата седум

После три одиграни средби во Првата машка лига дури три екипи имаат по седум бода и се израмнети во битката за позициите кои водат во плеј-оф лигата напролет.

Веќе се издвоија екипите кои се фаворити за висок пласман, а тие ги имаат четирите позиции кои се најпосакувани од сите тимови. Тука е и Преспа на 5. место и тука се главните кандидати за четирите места со што продолжува неизвесноста во лигата.

Во 3. коло фаворитите забележаа високи победи. Имаше и едно дерби меѓу составите на Младост и Преспа и таму беше виден интересен ракомет во кој нијанси пресудија за победникот. Домашниот терен беше предност, па составот на Младост успеа да дојде до важни бодови со кои сега се наоѓа пред тимот од Ресен.

ПРВА МАШКА ЛИГА, ГРУПА 1

РЕЗУЛТАТИ ОД 3. КОЛО

АЕРОДРОМ – МЕТАЛУРГ            27:35

РАБОТНИЧКИ – ВЕСНА АКУМУЛАТОРИ               39:24

МЛАДОСТ БОГДАНЦИ – ПРЕСПА            27:26

ГРК ТИКВЕШ – ПАРТИЗАН           49:19

ТАБЕЛА: 1. Работнички 7 бода (112:60); 2. ГРК Тиквеш 7 (114:78); 3. Металург 7 (101:77); 4. Младост Богданци 6 (86:85)…