Прва машка лига, Група 1: На средбите во Скопје секој бод е важен

Двете средби кои денеска ќе се одиграат во Скопје важат за поинтересни и на нив се очекува да има надигрување во сите 60 минути.

Работнички е сигурен на првото место, па тоа може да биде шанса за кавадарчани денеска да нападнат во СРЦ „Кале“ и да си обезбедат важни бодови. Мора да притиснат со сите сили ако сакаат да успеат, но ќе биде навистина тешко на овој дуел.

Во Автокоманда, пак, Металург 2 се бори за потребниот бод кој го носи во плеј-офот, а против Младост Богданци влегува со улогата на фаворит. Истата улога ја има и Преспа против составот на Партизан, додека меѓу Весна Акумулатори и Аеродром мала предност оди за гостите поради формата која што ја демонстрираат ракометарите во досегашниот дел од сезоната.

ПРВА МАШКА ЛИГА, ГРУПА 1

ДВОЈКИ ЗА 12. КОЛО

САБОТА, 01.12.2018

15:00ч

РАБОТНИЧКИ – ГРК ТИКВЕШ

Сала: СРЦ „Кале“ во Скопје. Судии: Виктор Начевски од Скопје и Даниело Божиновски од Битола. Делегат: Митко Ѓорѓиевски од Скопје.

16:00ч

МЕТАЛУРГ 2 – МЛАДОСТ БОГДАНЦИ

Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Ѓорѓи Василевски од Скопје и Иван Јовановски од Штип. Делегат: Мамер Реџепи од Скопје.

17:00ч

ВЕСНА АКУМУЛАТОРИ – АЕРОДРОМ

Сала: „Софија Петровска“ во Пробиштип. Судии: Иво Ѓоргиевски и Игор Наумовски од Скопје. Делегат: Лери Мирчески од Скопје.

НЕДЕЛА, 02.12.2018

13:00ч

ПАРТИЗАН – ПРЕСПА

Сала: „26 Април“ во Гевгелија. Судии: Александар Вукашиновски и Мирко Трајковски од Скопје. Делегат: Васил Чавдаров од Богданци.

ТАБЕЛА: 1. Работнички 31 бода (417:256); 2. Металург 26 (363:281); 3. ГРК ТИквеш 20 (367:329); 4. Преспа 19 (351:275); 5. Младост Богданци 18 (306:316); 6. Аеродром 12 (335:368); 7. Весна Акумулатори 3 (297:371); 8. Партизан 0 (182:422).