Прва машка лига: Бутел и Струга очекуваат сигурно бодови дома

Првиот меч денеска во Првата машка лига е шанса за лидерот Бутел Скопје да продолжи со максималниот број на бодови во натпреварувањето. Тимот на Бутел е во добра форма и нема загубено бодови од стартот, а денеска против Куманово се очекува само да продолжи во ист стил.

Не би требало да има проблеми ниту за Струга против Спартак, но затоа денеска се очекува да има надигрување во Неготино каде што составот на Младост би требало да нападне против домашните.

Во секој случај претстојат интересни дуели во првата лига каде што неколку екипи веќе се издвоија на врвот во битката за пласман во Супер лигата.

ПРВА МАШКА ЛИГА, 9. КОЛО

САБОТА, 18 НОЕМВРИ

БУТЕЛ СКОПЈЕ – КУМАНОВО    13ч

Сала: „Радишани“ во Скопје. Судии: Адријана Здравковска и Сања Божиновска од Скопје. Делегат: Стево Костенчев од Скопје.

СТРУГА – СПАРТАК        13:30ч

Сала: СОУ „Нико Нестор“ во Струга. Судии: Александар Ангелески и Александар Груевски од Битола. Делегат: Васко Дјаковски од Кичево.

МЕТАЛУРГ ЈУНИОР – ПАРТИЗАН            14:30ч

Сала: „Расадник“ во Скопје. Судии: Бојан Дичоски и Ѓорѓи Василевски од Скопје. Делегат: Сашо Младенов од Скопје.

ВАРДАР НЕГОТИНО – МЛАДОСТ           17ч

Сала: Гим. „Кирил и Методиј“ во Неготино. Судии: Рубинчо Седлоски и Горан Ангелески од Прилеп. Делегат: Илија Цветкоски од Прилеп.

НЕДЕЛА, 19 НОЕМВРИ

ДЕЛЧЕВО ВАРДАР – РУДАР       15ч

Сала: М. М. Брицо во Делчево. Судии: Иван Јовановски и Стефан Станков од Штип. Делегат: Зоран Јовановски од Штип.

РИНИА М – ГРК ТИКВЕШ            17ч

Сала: ОУ „7 Март“ во Скопје. Судии: Виктор Андонов и Стојанчо Јовановски од Скопје. Делегат: Мамер Реџепи од Скопје.

СРЕДА, 29 НОЕМВРИ

ТЕКСТИЛЕЦ – ПРЕСПА

Сала: ОУ „Тошо Арсов“ во Штип. Судии: Војо Христовски и Бобан Мајнов од Скопје. Делегат: Цане Куртовиќ од Скопје.