Прва машка лига: Бутел и понатаму гази сигурно

После седмото коло во Првата машка лига на врвот на табелата и понатаму е екипата на Бутел која е единствена што успеа да ги добие сите натпревари од стартот на сезоната. Бутел победи на сите седум дуели, па засега го има врвот, а следуваат Струга и Металург јуниор кои имаат по еден пораз.

Доколку Металург не киксираше на гостувањето во Куманово каде обезбеди само бод ќе беше израмнет со Струга, но вака ќе има голема битка до крајот на сезоната.

Засега има два дуели кои не се одиграни, а се работи за средбите Партизан-Спартак и Спартак-Младост, кои би требало да биде одиграни во дополнителен термин за да се комплетираат последните две кола.

ПРВА МАШКА ЛИГА

РЕЗУЛТАТИ ОД 7. КОЛО

МЕТАЛУРГ Ј. – ТИКВЕШ        34:25

ТЕКСТИЛЕЦ – КУМАНОВО   34:21

ВАРДАР НЕГОТИНО – ПАРТИЗАН   22:19

БУТЕЛ – ДЕЛЧЕВО ВАРДАР 30:15

СТРУГА – ПРЕСПА     26:25

РИНИА М – РУДАР   49:22

СПАРТАК – МЛАДОСТ          одложено