Прва Лига: Дербито во Чаир, Струга на гости кај Бутел

Викендов ќе се одигра второто коло од прволигашката конкуренција во Македонија. Во првото коло главно имаше очекувани резултати, ако не се земат во предвид победата на Делчево на гости кај Спарта и триумфот на ослабениот Младост на гости кај Тиквеш.

Второто коло го носи дерби дуелот меѓу Риниа и Металург Јуниор. Во Чаир е секогаш тешко да се игра, па избраниците на Благојче Весиќ ќе имаат тешка задача да стигнат до нов триумф во борбата за врвот.

Прволигашот со суперлигашки тим, Бутел Скопје во интересен натпревар, ќе ја пречека Струга, но не во својата сала, туку во „Форца“. Несудениот суперлигаш Младост, е блиску до нова победа над штипски Текстилец, додека во Делчево ќе гостува Вардар од Неготино.

По неочекуваниот пораз од Младост, ракометарите на Тиквеш во Кавадарци ќе ја бараат првата победа против Преспа од Ресен, додека незгодниот Партизан Гевгелија ќе гостува на ослабениот Куманово.

САБОТА, 30 СЕПТЕМВРИ

15:00, Богданци, МЛАДОСТ – ТЕКСТИЛЕЦ

17:00, Пробиштип, РУДАР – СПАРТАК

НЕДЕЛА, 1 ОКТОМВРИ

12:30, Скопје, БУТЕЛ СКОПЈЕ – СТРУГА

15:00, Скопје, РИНИА – МЕТАЛУРГ ЈУНИОР

15:00, Делчево, ДЕЛЧЕВО ВАРДАР – ВАРДАР НЕГОТИНО

16:00, Куманово, КУМАНОВО – ПАРТИЗАН

18:00, Кавадарци, ТИКВЕШ – ПРЕСПА