Прва Бундес победа за Миркуловски: “Се надевам ќе следуваат уште многу!”

Македонскиот репрезентативен централен бек, Филип Миркуловски конечно ја дочека првата победа на својот тим во Бундес лигата. Хановер беше подобар од Ерланген со резултат 35-33. Домаќините беа подобриот противник во текот на целиот меч, што се одрази на резултат, кој беше во нивна полза сите шеесет минути. Филип Миркуловски постигна два гола од четири обиди и имаше две успешни асистенции. По својата прва победа во дресот на Хановер популарниот „Жути“ изјави:
“Мораме да ја поправиме одбраната на следните натпревари. На овој натпревар имавме огромна помош од голманите. Се надевам ќе следат уште многу до крај на сезоната.”