По фантастичното второ полувреме: Норвешка е новиот Европски шампион!

Во финалето на ЕП во Унгарија и Хрватска, репрезентацијата на Норвешка по извонредно второ полувреме успеа да ја совлада Шпанија со 28-25 (10-12) и да се закити со титулата Европски шампион. Фантастичната Ригелут-Корен која во вториот дел постигна 8 гола од вкупно 10, заедно со Нора Морк и голманката Солберг беа најзаслужните за освојување на Европската титула во репрезентацијата на Норвешка.

ФИНАЛЕ (УНГАРИЈА, БУДИМПЕШТА, ЛАСЛО ПАП АРЕНА)

НОРВЕШКА-ШПАНИЈА 28-25 (10-12)

Шпанија имаше извонредно отворање на финалниот натпревар. Освен почетното водство на Норвешка од 1-0 и 3-2 во 4 минута, Шпанија водеше во останатиот дел од првото полувреме. Извонредната Силвија Наваро заедно со непогрешливите Кабрал и Нереа Пена беа најзаслужните за шпанската доминација во првата половина на првото полувреме. Норвешка благодарение на Наваро цели 10 минути не успеа да постигне гол, а на спротивната страна Пена беше нерешлива енигма за норвешката одбрана. Токму Пена со својот четврти погодок ја доведе Шпанија во водство од +4, 3-7 во 15 минута. Крај на постот од 10 минути без постигнат гол кај Норвешка стави Нора Морк која намали на 4-7. Шпанија продолжи со високиот ритам на игра, лесно пробиваше низ зоната на Норвешка и во 18 минута стигна до своето највисоко водство од 5-10. Во втората половина на првото полувреме се разбрани и норвешката голманка Солберг која беше една од најзаслужните за враќањето на својата репрезентација во игра. Норвешка одговори со серија од 5-1 по која Сара Солберг ја доведе својата репрезентација на само гол негатива, 10-11, на минута до крајот на првиот дел. Сепак Шпанија со погодокот на Агилар во последната секунда успеа да замине на полувреме со водство од 10-12.

norva

Норвешка со двата погодока на Морк и Ригелут Корен по само 2 минути во вториот дел успеа да израмни на 12-12, а Хајди Локе преку контра по подолго време носи водство за Норвешка од 16-15 во 35 минута.Солберг продолжи да брани фантастично и во вториот дел давајќи и стабилност на Норвешка која со голот на Сара Солберг успеа да го зададе првиот посериозен удар во ова финале поведувајки со 24-20 во 48 минута. Мора да ја споменеме и извонредната Ригелут Корен која одигра фантасично во второто полувреме и со својот 8 гол ја одржуваше предноста од 4+ за Норвешка, 25-21 на десет минути до крајот на натпреварот. Но во периодот кој следуваше Шпанија покажа дека не случајно се наоѓа во финалето и со серија од 4-1 успеа да намали на 26-25. Имаа шпанките и неколку обиди да го израмнат резултатот но не успеаа. Фантастичната Ригелут Корен со својот 9 гол носи +2 за Норвешка 27-25 на две минути до крајот, а сите надежи на Шпанија за пресврт во овој натпревар ги фрли во вода извонредната Солберг која ја забележа својата 15 интервенција. Точка на натпреварот стави најдобрата ракометарка на Норвешка, Ригелут Корен која имаше стопроцентна реализација. Конечни 28-25, за нов Европски шампион во името на Норвешка.

Ригелут Корен со 10 и Нора Морк со 7 погодоци ја носеа Норвешка до нова титула европски шампион. Голем удел во оваа победа има и голманката Солберг која забележа 15 интервенции. Во составот на Шпанија најпрецизна беше Нереа Пена со 10 гола.