По Станиќ и Липовина се одлучи за Бундеслигата: Вецлар е новиот клуб на црногорецот

Црногорскиот репрезентативец и сега веќе поранешен ракометар на РК Металург, до крајот на оваа сезона ќе настапува во бундеслигашот Вецлар. Германската екипа беше во потрага по десен бек по повредата на Тонесен, и со оглед на ситуацијата во која се најде Металург се решија да го ангажираат младиот црногорски репрезентативец.

Наша желба беше да ангажираме ракометар кој игра квалитетно во нападот, кој брзо ќе се вклопи во нашиот систем на игра и ќе ни помогне во понатамошниот тек на сезоната. Среќни сме што излезе можноста да го ангажираме Владан”– изјави извршниот директор на Вецлар, Бјорн Сеип.

Lipovina
фото: HSG Wetzlar