По пет дена другарување заврши летниот камп на „Академија Алушовски“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Во свежината и тишината на мавровскиот регион, хотелот „Спорт“ беше домаќин на првиот летен ракометен камп во организација на „Академија Алушовски“. Од 15 до 20 јуни, пет дена другарување, спортување и забава надополнети со ракометни тренинзи и стручни совети од Веселин Вујовиќ, Стевче Алушовски, Андон Бошковски, Благоја Весиќ и Ванчо Димовски го означија крајот на ракометната сезона.
Идните ракометни ѕвезди имаа можност да ги усовршат своите вештини, да се запознаат со своите идоли и да научат што значи да се биде спортист. Стојанче Стоилов, Дејан Манасков, Гоце Георгиевски, Никола Митревски и Петар Ангелов ги споделија своите ракометни искуства и тајни со младите спортисти, со надеж дека еден ден ќе играат рамо до рамо со некои од нив во репрезентативниот дрес.
Екипата на 24ракомет беше во посета на ракометниот камп „Маврово 2015“, а впечатоците и одличните услови за работа што ги понуди спортскиот центар „Маврово“ останаа забележани од објективот на Филип Вирановски.

[Best_Wordpress_Gallery id=”124″ gal_title=”Kamp Alusovski”]

ФОТО: ФИЛИП ВИРАНОВСКИ