По освоената титула: Свечен пречек за Мартин Поповски во родниот Штип! (ФОТО)

Денеска во организација на тимот на штипски Текстилец, во родниот град на свечен прием беше дочекан ракометарот на Вардар, член на шампионската генерација и освојувач на титулата во Лига на шампиони, штипјанецот Мартин Поповски.

Европската титула беше причина повеќе од 100-тина дечиња да го поздрават својот идол, да се фотографираат и земат автограм. Во своето обраќање пред присутните Мартин Поповски не го криеше задоволството од приемот и упати јавна благодарност до матичниот клуб Текстилец за севкупниот придонес во неговата кариера, а посебна благодарност упати до првиот тренер, професорот Павле Тодоров.

Со свој говор, честитки и благодарност на Мартин за афирмацијата на штипскиот ракомет упатија и претседателот на клубот Влатко Двојаковски и тренерот Павле Тодоров.