По новата победа во езерското дерби: Охриѓани се „мајтапат“ со стружани (ФОТО)

Ракометарите на Охрид прославија победа над Струга со 22-20 во натпреварот од плеј-аут делот во Суперлигата, што беше втора за домашните во трите езерски дербија оваа сезона.

Навивачите на домашниот тим – „Рибари“, им удрија голем сеир на струшките „Паткари“, со транспарентот што го извадија среден натпреварот во СРЦ „Билјанини Извори“.

„Зш стружани идет Охрид со кола? За да видет колку им трошит градска!“, гласеше паролата со која охриѓани ги исмеаа најблиските соседи.

Оваа сезона ќе гледаме минимум уште една пресметка меѓу овие два ривали, а можен е нивен натпрвар и во Купот на Македонија.

Фото: ohridnews.com