По двата порази, Вардар со СЕХА победа

По поразот во Загреб и минатото коло од екипата на Брест Мешков, вардарци конечно се вратија на победите. Во СЦ „Јане Сандански“ совладан е Борац од Бања Лука со резултат 39-27 (20-14).
SEHA 15-16 Vardar-Borac-8790
Борац имаше сили да парира само во првите седум минути кога Тривунџа го доведе својот тим во водство од 3-4. Во следниот напад Шишкарев израмни на 4-4, а Тимур Дибиров со својот втор погодок го врати Вардар во водство од 5-4 во 9.минута. Од тој момент македонскиот шампион преку расположените Дибиров и Марсениќ постојано ја зголемуваше предноста која во 54-та минута за прв пат надмина едноцифрена предност. Алекс Душебаев ги постави највисоките тринесет голови разлика,39-26 на триесет секунди пред крај. Конечниот резултат на натпреварот гласеше 39-27 за домаќините, со што македонскиот шампион стигна до својата шеста победа во СЕХА лигата.
SEHA 15-16 Vardar-Borac-8757
Најпрецизни во редовите на Вардар беа Марсениќ и Лазаров со по седум погодоци, додека Обрадовиќ постигна осум за гостите. .

ФОТО: ФИЛИП ВИРАНОВСКИ