По Георгиевски, Тулуз во потрага по нов бек: Крај на сезоната за Жером Фернандез!

Повредата на коленото на бекот на француската репрезентација, Жером Фернандез значи крај на неговите настапи во оваа сезона.
Во натпревар од Купот на Франција изминатиот викенд, Фернандез со својот клуб, Тулуз, загуби во финалето од Нант, а по повредата на Пиетрик Челе, кој експресно беше заменет со македонскиот репрезентативец Гоце Георгиевски, Тулуз сега ќе бара замена на бековската позиција. Жером Фернандез ќе отсуствува од терените најмалку шест недели.