Почнува вториот дел од Супер лигата во женска конкуренција

Со денешниот натпревар ЖРК Вардар 2 – ЖРК Металург започнува вториот дел од македонската лига во женска конкуренција. Избраничките на Симе Симовски пред домашната публика во СЦ ,,Јане Сандански” ќе ги бараат бодовите доколку сакаат да стигнат поблиску до второто место. Првиот натпревар помеѓу ЖРК Вардар 2 – ЖРК Металург заврши со 20:14 (8:4) во корист за составот од ,,Автокоманда”.

Денешниот натпревар ќе се одигра во СЦ ,,Јане Сандански” ( мала сала) со почеток од 16:45.

Дерби ќе има и за четвртото место каде ЖРК Ѓорче на свој терен го пречекува ЖРК Пелистер. Овој натпревар е на програмата денес со почеток од 19 часот.

Дуелот Жито Прилеп – ЖРК Вардар е одложен поради настапите на Вардар во Лига на шампионите.