Почна продажбата: Гледајте го натпреварот Македонија – Исланд за 100 денари | 24 РАКОМЕТ

Почна продажбата: Гледајте го натпреварот Македонија – Исланд за 100 денари

Машката сениорска репрезентација ја чека двомеч против Исланд од квалификациите за пласман на Европското првенство следната година. Ракометната федерација веќе ги пушти во продажба билетите за дуелот што ќе се одигра во Скопје.

Продажбата на влезници за натпреварот започнува денес, на сите продажни места на МК Тикетс низ државата, а влезници можат да се купат и онлајн на интернет страницата на МК Тикетс. Влезниците се продаваат по ценa од 100 денари за горни трибини и 200 денари за долни трибини.

Сениорите најпрво во среда, на 10 април ќе играат на гостински терен против Исланд во Рејкјавик, а веднаш по завршувањето на таа средба нашата репрезентација се враќа во Скопје за одигрување на реваншот против Исланд во недела на 14 април од 20:00 во СЦ „Борис Трајковски“.

Во третата квалификациска група за ЕП 2020 во моментов сениорите се на второто место од табелата, Исланд е на првото место, а на третото, односно четвртото место, се селекциите на Грција и Турција .