Потпиша за Нант и му донесе важната победа на Кил во Лигата на шампионите! (ВИДЕО)

Пред неполна недела Кил и Доминик Клајн објавија дека нема да продолжат својата соработка. По една деценија искусното крило одлучи да ја промени средината и за прв пат да настапи во друга лига. Францускиот тим Нант ќе биде следната дестинација за Клајн, и воедно негово прво интернационално искуство. „Зебрите“ веќе му најдоа замена во младиот Раул Сантос, а Клајн по сериозната повреда која ја заработи минатата година, се врати на теренот и беше човек за одлука на мечот против лутиот ривал Веспрем.

Кил постојано ја подигнува својата форма, засега е на четвртата позиција во групата А, благодарение на погодокот во последната секунда на натпреварот од десеттото коло во ЛШ, дуелот против Веспрем…