Потеко: Навистина се трудевме, но не бевме наградени за тоа!

По натпреварот меѓу Вардар и Целје, гостинскиот тим мораше да ја честита победата на Вардар иако може да жалат за пропуштениот бод во финишот на натпреварот. Тренерот Тамше по натпреварот истакна дека можеле повеќе, но немале среќа, додека Потеко истакна дека вложиле голем труд, но конечниот резултат не ги наградил.

Бранко Тамше, тренер РК Целје:

Сакам да им честитам на моите момци кои мислам дека заслужија барем бод денес, но што е тука е… Им честитам на Вардар и се надевам дека ќе се вратиме на победите во следните натпревари.

Вид Потеко ракометар РК Целје:

Покажавме дека сме зрели и добар тим, одигравме добар натпревар се трудевме но не бевме наградени за тоа, се покажавме во одлично светло, но Вардар победи и  затоа им честитаме. Одиме напред.

ФОТО: Денис Дуковски/РК Вардар