ПОТВРДЕНО: Украинскиот голман Умовиц потпиша за Е. Работник

Екипата на Е. Работник постигна договор со 32-годишниот Евгениј Умовиц, украински интернационалец, кој настапувал за Запорожје во Украина, во Лубанск, Вороњеш и Римаки во Финска и во турски Трабзон. Тој ќе биде ново засилување на голманската позиција на една недела до првиот меч од 3 рунда од Челинџ купот. Поради повредата на Градимир Чаневски на голот остана само Филип Ивановски, па клубот бара уште еден „чувар на мрежата“, а изборот падна на Украинецот Јевгени Умовиц.

Се работи за искусен голман кој има 32 години, а зад себе има одлични бројки. Има играно за украинските екипи Лубанск и Вороњеш, Римаки (Финска), Запорожје (Украина) и Трабзон (Турција). Во првенството на Финска неколкупати бил прогласуван за најдобар голман. Висок е 200 сантиметри така што би требало да донесе новитет во играта на Е. Работник и да помогне тимот од Битола да биде поуспешен од Каунас на дуелите кои ќе се одиграат на 18 ноември во Битола и на 25 ноември во Каунас.

Украинецот веќе тренира во Битола и ќе дебитира утре против Пелистер во натпреварот од 8. коло.