Постнова ги пропушта Олимписките Игри во РИО

Една од најпознатите руски ракометари, трикратната светска шампионка Људмила Постнова поради повреда ќе ги пропушти Олимписките Игри во Рио де Жанеиро. Постнова се стекна со повредата за време на подготовките на руската репрезентација за турнирот во Холандија.

„ Се стекнав со повреда на десната рака. Во моментов раката е во гипс и по консулација со докторите најверојатно ќе треба да се изведе оперативен зафат. Како и да е целата постапка ќе трае минимум пет недели и јас ќе морам да ги пропуштам Олимписките игри“ изјави Постнова за руските медиуми

На почетокот на јануари, Постнова се врати на ракометните терени по речиси три години пауза и со екипата на Астраханочка ја освои шампионската титула во Русија. По санирањето на повредата Постнова најави дека ќе ја продолжи нејзината кариера.