После 7. коло во ЛШ: Вардар и Рајн Некар без пораз пред двојната пресметка

И после одигрувањето на 7. коло во групата А од Лигата на шампионите останаа две непоразени екипи. Вардар и Рајн Некар пред двојната пресметка во следните два викенди ги чуваат првите две позиции.

Вардар сега има два поени предност во однос на Рајн Некар, а тоа е добра позитива пред мечот кој ќе го одигра на домашен терен в сабота. Токму поради тоа ситуацијата на табелата е интересна, а доколку работите продолжат со истото темпо тогаш за очекување е дека Вардар ќе остане прв на табелата и после новата пауза која ќе следува после 10 коло до почетокот на февруари.

ГРУПА А

РЕЗУЛТАТИ ОД 7. КОЛО

КРИСТИЈАНШТАД – ВИСЛА ПЛОЦК       25:24 (15:10)

ПИК СЕГЕД – НАНТ         30:33 (15:17)

ППД ЗАГРЕБ – ВАРДАР 23:29 (10:15)

БАРСЕЛОНА – РАЈН НЕКАР         26:26 (13:13)

ТАБЕЛА: 1. Вардар 13 бода (189:162); 2. Рајн Некар 11 (214:187); 3. Барселона 10 (212:190); 4. Нант 9 (203:195); 5. ПИК Сегед 7 (210:200); 6. Кристијанштад 3 (178:214); 7. ППД Загреб 2 (169:204); 8. Висла Плоцк 1 (188:212).