После седум кола во Женската лига: Пет ракометарки со по седум исклучувања

Дури пет ракометарки се наоѓаат на врвот на листата со седум исклучувања и тие се меѓу оние коишто одиграа најгрубо во првата четвртина од првенството во Женската лига.

Оние коишто главно се задолжени за игра во одбрана и се најдоа на овој список на најгрубите во досегашниот дел од првенството, а како ќе биде во натамошниот дел од сезоната ќе се види веќе од утре кога продолжува шампионатот со 8. коло.

РАКОМЕТАРКИ СО НАЈМНОГУ ИСКЛУЧУВАЊА

Михаела Камческа (Деспина) 7

Марија Петлеска (Гевгелија)   7

Ангела Саздова (Овче Поле)    7

Ива Божиновска (Вардар јуниор)          7

Милица Николиќ (Вардар јуниор)        7

Елена Шутева (Гевгелија)          6

Сања Дабевска (Пелистер)       6

Викторија Пеовска (Куманово)               5

Бети Петковска (Куманово)      5

Пена Граматова (Металург)     5

Сара Стефановска (Металург) 5

Маја Каранфиловска (Пелистер)           5

Александра Вељановска (Вардар јуниор)         5