Последното прволигашко дерби за 2018 година (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Составите на Јуниор Кисела вода и Астраион одиграа интересна средба со малку голови, а на крајот се радуваа ракометарите од Скопје кои си обезбедија место во плеј-оф рундата напролет.

Ракометарите на Јуниор победија со 23:17 и на тој начин си обезбедија пласман меѓу најдобрите осум тимови од Првата машка лига. Сепак, се виде дека и струмичани имаат добар состав, па ова беше интересна средба во која домашните мораа да одиграат максимално во сите 60 минути.

Имаше интересни моменти и имаше што да се види на теренот. И едните и другите покажаа високо ниво на игра, а тоа допринесе на краојт да има само 40 погодоци. Одбраните беа на повисоко ниво, а како изгледаше овој натпревар можете да видите низ фотографиите.

Секако, имаше многу интересни моменти.

[gallery_bank type=”images” format=”masonry” title=”false” desc=”false” responsive=”true” display=”all” sort_by=”sort_order” special_effect=”none” animation_effect=”bounce” album_title=”false” album_id=”383″]