Последни секунди по македонско сценарио, но го немаше Линдберг да ја спаси Данска (ВИДЕО)

Црна Гора забележа голема победа над светскиот првак Данска со 32-31 во рамките на квалификациите за Европското првенство во 2020 година.

Домашните во финишот можеа да направат од готово-вересија, и да ги снајде судбината на нашата репрезентација од ЕП 2012 во Србија.

Тогаш Македонија имаше реми в џеб со Данска, имаше и последен напад, но избрзавме со шут, па Данска на неколку секунди до крајот преку Ландин, Хансен и Лидберг стигна до победа.

Така и вечерва Црна Гора имаше водство со 32-31, имаше последен напад, но Божовиќ избрза со шутот и Ландин одбрани.

Данците се сплеткаа, не успеаја за кратко време да организираат напад, а не беше тука ниту Ханс Линдберг, па победата остана за Црна Гора.