Последни подготовки пред Чешка… (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонската ракометна репрезентација го одржа својот последен тренинг пред дуелот кој ќе го одлучи вториот патник за Полска 2016 од група 6. Цела сезона, сиот труд на македонските ракометари ќе се сведе на шеесет одиграни минути. Натпревар да се биде или не, како што веќе капитенот го нарече дуелот со Чешка, натпревар кој двете екипи ќе го одиграат без неколку клучни ракометари, натпревар кој ќе ја прекине традицијата на настапи на големите првенства за Чешка или Македонија.
Мојсоски остана во Катар, Миркуловски се повреди, Кузмановски го замени, билети повеќе нема, а публиката треба да биде клучот на успехот…
[Best_Wordpress_Gallery id=”122″ gal_title=”Trening na reprezentacija 13.06.2015″]

ФОТО: ФИЛИП ВИРАНОВСКИ