Последна шанса за генерацијата на Талески, Кузмановски, Нелоски: Младинците од втор шешир го „меркаат“ СП во Алжир

ЕХФ ги објави шеширите, односно рангирањето на репрезентациите до 21 година кои ќе играат во квалификациите за пласман на Светското првенство кое ќе се одржи во Алжир следното лето.

Во рамките на квалификациите ќе бидат формирани седум групи со по четири репрезентации од кои само победникот ќе оди на СП. Македонија се наоѓа во вториот шешир, а таму има осум национални тим, од кои еден ќе биде преместен во третиот шешир. Ист ќе биде случајот и со репрезентациите од третиот шешир, па на крајот ќе се добијат седум групи со по 4 репрезентации. Македонија ќе има право да организира квалификациска група, доколку биде извлечена како прва.

Рангот во вториот шешир на младинската селекција, во која за последен пат ќе настапат Филип Талески, Филип Кузмановски, Марко Нелоски и уште неколку други ракометари, е направен според пласманот на последното ЕП.

Квалификациите ќе се играат турнирски од 6 до 8 јануари, а Светското првенство се игра од 17 до 30 јули во Алжир.

algeria1