Последна надеж за Македонија: Со +4 и пораз на Норвешка до главната фаза

Македонската ракометна репрезентација вечерва го игра својот последен натпревар од групната фаза на Европското младинско првенство во Данска. Воведните два порази ја одведоа младата селекција во незавидна позиција пред последното коло од групата Ц.

Сепак Македонија покрај двата неуспешни дуели против Норвешка и Данска вечерва против Холандија може да се надева на чудо, за продолжување на престојот во Колдинг. Токму сензационалната победа на Холандија над Норвешка во второто коло и пружа уште една последна шанса на Македонија еднаква на чудо.

Избраниците на Александар Јовиќ вечерва мора да обезбедат победа над Холандија со повеќе од четири погодоци разлика и потоа во дуелот кој следува да навиваат за домаќинот Данска. Само во тој случај Македонија може да ја обезбеди втората позиција која води директно во главната фаза од натпреварувањето и борбата за медал.

Со пораз или победа со помала разлика од шест погодоци, Македонија ќе го продолжи својот престој на Европското првенство, но во градот Вамдруп каде се играат натпреварите за пласман од 9 до 16 место.

Натпреварот меѓу Македонија и Холандија започнува од 18:00 часот, додека од 20:00 е закажан последниот дуел меѓу Норвешка и Данска.