Порто е блиску: Охрид ќе игра два пати дома во Купот на ЕХФ

Охрид, кој сезонава за првпат ќе има европски излез, се договори со противникот во првото квалификациско коло од Купот на ЕХФ, холандскиот Волендам, двата дуели да ги одигра во СЦ „Билјанини Извори“.

Со оваа одлука, тимот на Горан Андоновски е голем фаворит за пласман во второто квалификациско коло од второто по ранг европско натпреварување. Македонскиот тим таму би си имал работа со некогашен учесник во Лигата на шампионите, португалскиот Порто.

Двата натпревари ќе се одиграат на 2 и 3 септември, а како подготовка за европските натпревари, ракометарите на Охрид ќе играат на турнирот во Струга.