Порано од очекуваното: Дисингер пак заигра за Вардар!

Во овие моменти ракометарите на Вардар го играат натпреварот од 8. коло во плеј-офот од Суперлигата против новиот суперлигаш Бутел.

Она што е вредно за одбележување е камбекот на ракометните терени на германскиот интернационалец Кристијан Дисингер.

Тој се повреди на финалето од СЕХА лигата пред месец и половина, и првите претпоставки беа дека ќе паузира до крајот на сезоната.

Веќе беа лиферувани најавите дека тој ќе може да игра, но дури на Ф4 во Келн. Сепак тој веќе се врати на теренот и игра од првата минута на дуелот со Бутел.

Натпреварот меѓу Вардар и Бутел може да го гледате на линкот подолу…