Поранешни ѕвезди на Вардар и Металург во љубовна врска – уживаат на море (ФОТО)

Вардар и Металург се големи ривали на теренот, но меѓу ракометари кои го носеа „црвено-црниот“ и „сино-белиот“ дрес во текот на минатата се роди љубов.

Станува збор за кружните напаѓачи Марија Петровиќ и Жарко Пешевски. Тие оваа сезона не беа во иста држава, а нема да бидат ниту следната, но тоа не ги спречува да ја одржуваат врската на далечина.

Пешевски беше дел од Мотор Запорожје, а следната сезона ќе биде во Германија во Штутгарт, додека Петровиќ играше за Валчеа, а следната сезона ќе биде во Романија, но во друг клуб – Бакау.

Тие двајца летниот одмор го поминуваат во Турција на море, а иако се долго време во љубовна врска не објавуваа заеднички фотографии. Денеска ја објавија првата направена пред хотелот во кој престојуваат.