Поранешните „металурзи“ Станиќ и Липовина дел од најдобрите седум во Бундес Лигата

Поранешните ракометари на РК Металург, Дарко Станиќ и Владан Липовина се најдоа во идеалниот тим од 17.коло во Бундес лигата. Голманот Дарко Станиќ на натпреварот против Гепинген имаше 18 одбрани. Натпреварот заврши со среќен крај за Дарко Станиќ и неговиот клуб, Бетингхајм со резултат 29:25.

Владан Липовина со неговиот тим Вецлар каде настапува и ракометната легенда, Ивано Балиќ одигра реми против Флензбург (22:22). На овој натпревар младиот Црногорец постигна пет погодоци.

Видео