Поранешниот пивот на Металург се враќа во Партизан: Марсениќ “црно-бел” до крајот на сезоната!

Довчерашниот ракометар на Металург, Мијаило Марсениќ до крајот на сезоната ќе ги брани боите на белградски Партизан. По новонастаната ситуација во Металург, Марсениќ беше принуден да ја напушти Автокоманда и го раскина договорот со плаво-белите. Токму Партизан е клубот во кој Марсениќ ја стекна својата ракометна афирмација, а веќе од наредното коло ќе ја има можноста да дебитира во црно-белиот дрес.