Поранешниот вардарец потпиша за Бергишер

Ракометарот на Металопластика, Милош Драгаш во наредниите 3 сезони ќе настапува за екипата на Бергишер од Германија.Драгаш е познат на македонската ракометна јавност бидејки една сезона го носеше дресот на Вардар со кого успеа да стане шампион на Македонија. Пред да дојде во Вардар исто така има настапувано за Металопластика и беше повремен српски репрезентативец.