Поранешниот вардарец Ким Расмусен на чекор до Баја Маре?

Иако само за краток период беше дел од составот на Вардар, за данскиот стратег постои висока побарувачка од доста клубови во Европа.

Последен клуб со кој што се поврзува данецот е Баја Маре, романската екипа која според многумина разочара со резултатите кои ги прикажа сезонава земајќи ги во предвид скапите засилувања кои клубот ги донесе на почетокот на сезоната.

Поранешниот тренер на дански Колдинг најверојатно ќе го превземе кормилото од словенечкиот тренер Тоне Тисељ, а негов помошник се очeкува да биде Рошца.