Поранешен тренер на Пелистер го презема Орошази

Црногорскиот стратег Ратко Ѓурковиќ својата тренерска кариера ќе ја продолжи во унгарското првенство во екипата на Орошази. Тој пристигнува од Катар каде што беше тренер на Ал Рајан.

Ѓурковиќ во досегашната кариера како тренер има предводено повеќе клубови меѓу кои е и Пелистер. Тој во 2010 година прекина со активно играње и стана тренер на Ловќен, а веќе наредната 2011 година работеше со екипата од Битола. Од Пелистер кариерата ја продолжи во грчкиот Орми Патрас со кој стана вицешампион на Грција.

Ѓурковиќ веќе има работено во Унгарија во екипата на Комло. Во својата кариера бил и помошник тренер на Касим Каменица во репрезентаццијата на Црна Гора, а има работено и со јуниорските селекции во земјата. Во играчката кариера има настапувано за Ловќен, Партизан, Бидасоа Ирун и ПИК Сегед.